Skip to main content
Македонија

Проект на СВР – Охрид за превенција на семејно насилство

11/03/2026  13:57

„Има помош, за живот без насилство” е новата проектна активност што СВР Охрид отпочна да ја реализира на целото подрачје што го покрива.

Проектот има превентивно-едукативен карактер а се спроведува со понагласени и интензивни контакти на полициските службеници од отсекот за превенција со граѓаните.

Целта е нивно поблиско информирање за појавните почетни форми и манифестации на семејно и родово базирано насилство, механизми за рано пријавување и интервенирање за заштита на ранливите категории, подигање на јавната свест за превенција и заштита од родово базирано насилство и семејно насилство како и јакнење на довербата во полицијата како една од институциите за собирање информации за родово базирано насилство и постапување за ефективна заштита на жртвите.

На граѓаните им беа поделени и едукативни материјали со пригодни совети од правен и превентивен карактер.