Skip to main content
Македонија

Продолжува забраната за сообраќај на патот Р1106 Македонски Брод – Скопје поради пожарот во Јасен

13/08/2025  08:22

Поради пожарот во националниот Парк Јасен, продолжува забраната за сообраќај на регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје. Патот е затворен е за секаков вид на возила, соопштија од Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини но од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот потсетува дека до 31 август на државните патишта во Македонија во сила е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17 – 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.