
Денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март оваа година.
На денешното рочиште проодлжуваат воведните обраќања на обвинтетите во случајот, а денес пред судот треба да се произнесат поранешните министри за економија, Валон Сараќини и Крешник Бектеши.
Потоа свои излагање ќе имаат и поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, Беким Максути и Шабан Салиу
Досега, ниту еден од обвинетите не призна вина за делата што му се ставаат на товар.
Во предметот обвинети се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.
Во пожарот во „Пулс“ загинаа 63 лица, додека над 200 беа повредени.
