Skip to main content
Македонија

Продолжува сончевото и стабилно време во текот на викендот и следната седмица

12/12/2025  12:57

Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

Утринските температури ќе продолжат да се спуштаат под нулата, но преку ден ќе биде сончево и со температури до 15 степени.

Сончево ќе биде и за време на викендот, како и деновите после него, со невобичаено високи температури за овој период од годината.