Skip to main content
Македонија

Продолжува потрагата по 16-годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар

25/07/2025  13:07

Припадници на МВР и на специјалната единица на Армијата „Волци“, од разно изутрината ја продолжија потрагата по 16-годишното девојче кое вчера исчезна во реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско, соопшти Центарот за управување со кризи.

Потрагата, како што посочуваат од ЦУК, се одвива во координација и со зголемено присуство на терен.

Случајот вчера попладне го пријави сестрата на девојчето на бројот за итни повици. Таа пријавила за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години.

-По пристигнување на местото, 26 годишната жена е пронајдена жива, а по 16 годишното девојче се трага, информираа синоќа од СВР Велес