Skip to main content
Хроника

Претреси во домот, возилото и два угостителски објекти на сопственикот на дискотеката „Пулс“

26/03/2025  10:16

На 25.03.2025 од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа” и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани.

Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се  лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација.

Во ДПИ- Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј..