Skip to main content
Спорт

Продолжува финалната серија во плејофот на македонското кошаркарско првенство

02/06/2025  09:57

Со натпреварот ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром вечер во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе продолжи финалната серија од плејофот на кошаркарскиот шампионат на Македонија. 

Домаќинот, тимот на ТФТ, на мечот влегува охрабрен по победата во четвртокот. Со евентуален успех ТФТ ќе се избори за „мајсторка“, додека МЗТ Скопје кој е бранител на шампионската титула со победа ќе остане на тронот.

За ТФТ голем хендикеп е повредата на Американецот Зек Браун во финишот на третиот натпревар. Токму Браун беше најдобриот играч во тимот на Боро Смилковски.

МЗТ Скопје Аеродром со евентуална победа ќе стигна до својот 12.шампионски трофеј, додека ТФТ се бори да остане во игра за историска прва титула.

Натпреварот ќе почне во 19 часот и 30 минути.