
Студентите во блокада на високообразовните институции во Белград испратија доцна синоќа писмо до Одборот за култура и информирање во кое ги известуваат дека блокадата и протестот пред РТС ќе продолжат се додека не објават јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ (регулаторно тело за електронски медиуми), јави дописникот на МИА од Белград.
Ви се обраќаме како надлежна институција која согласно Законот за електронски медиуми е должна да објави јавен повик за номинации за членови на Советот на РЕМ, најрано шест месеци, а најдоцна три месеци пред истекот на мандатот на членот на советот“, се посочува во писмото до таа комисија.
Тие констатираа и дека „со оглед дека целиот процес на избор на членови на Советот на РЕМ бил проследен со непочитување на законите и процедурите, како и со нетранспарентност, што резултирало со повлекување на кандидатурите на дури седум кандидати, кредибилитетот и легитимноста на самиот процес биле доведени во прашање“.
„Ова од Вас, Комисијата за култура и информирање, бараме да го повторите процесот на избор на членовите на Советот на регулаторното тело, со откажување на претходниот Јавен повик и објавување на нов, со транспарентен процес пред јавноста“, нагласуваат во писмото.
Тие нагласуваат дека протестот пред РТС ќе трае се додека УО не го објави Јавниот повик за избор на членови на Советот на РЕМ.
Утринската програма, што се емитува секој ден, утринава во 6 часот не започна на Радио и телевизија на Србија (РТС). Немаше ниту дневник во 7 часот. Вести беа емитувани во 6 часот без спикер/водител со однапред снимен материјал.
И утрово во Белград трае блокадата на објектите на РТС која студентите и граѓаните ја почнаа во понеделникот во 22 часот.
На социјалните мрежи се појавија видеа дека вработените на РТС утринава стигнале до извесен споредн влез, без полициска придружба, но не успеале да влезат во зградата на телевизијата.
Стотици студенти и граѓани третата ноќ ја поминаа пред РТС во центарот на Белград на улицата Таковска, што е блокирана од понеделникот во 22 часот.
Студентите објавија на социјални мрежи утрово дека немало обид за спроведување на работни места на вработени во РТС.
„Од понеделникот во 22 часот трае незаконската блокада на објектите на Радио и телевизија на Србија поради што вработените се оневозможени да влезат на своите работни места, РТС го прилагодува програмскиот распоред поради тешките услови за работа“, објавија од РТС на Х.