Skip to main content
Македонија

Продолжен притворот за Бектеши

17/04/2025  11:19

Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Адвокатот Еленко Миланов потврдил дека му е одреден нов 30 дневен притвор на истите околности како претходниот.

Миланов најави и жалба на оваа одлука.

Бектеши е во притвор од почетокот на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по која досега загинаа 61 лице.