Skip to main content
Балкан

Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

31/03/2025  14:53

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.

Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени. На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.