Skip to main content
Македонија

Утре привремен режим на сообраќај во Скопје поради протест пред Собранието

28/03/2025  15:59

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) од 11:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје поради одржување на протест пред Собранието на Република Северна Македонија.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на движењето на возилата и пешаците, со цел да се обезбеди безбедност и непречено одвивање на протестот.

СВР Скопје апелира до сите граѓани и учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници, со цел да се избегнат можни сообраќајни застои и нарушувања.