Skip to main content
Хроника

Приведено лице од Пробиштип поради управување возило под дејство на алкохол

15/03/2025  12:09

Денеска (15.03.2025) во 01.55 часот на магистаралниот пат Штип – Кочани, кај с.Долни Балван, општина Карбинци, полициски службеници го лишиле од слобода И.Д.(21) од Пробиштип.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат” со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.