Skip to main content
Хроника

Приведено лице од Чегране, барано по потерница

04/03/2025  10:05

На 03.03.2025 во 20.30 часот на улица „Иво Лола Рибар” во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка го привеле Б.Н.(42) од с.Чегране.

MK Summit

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.