Skip to main content
Хроника

Приведени тројца жители на Конопница, турнале сограѓанин од тераса

21/04/2025  13:32

Тројца жители на кривопаланечкото село Конопница вчера физички го нападнале, а потоа и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот А.С. од истото село, при што тој се здобил со повреди.

MK Summit

Од Секторот за внатрешни работи во Куманово информираат дека настанот се случил вчеравечер, 35 минути пред полноќ.

– На 20 април 2025 во 23 часот и 25 минути полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка ги лишиле од слобода дваесет и шестгодишните Ј.А. и Н.К. како и Е.А., дваесет и петгодишен, сите од село Конопница, кривопаланечко. Лицата се лишени од слобода затоа што во Крива Паланка физички го нападнале и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот жител на истото село А.С. кој се здобил со повреди – изјави портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.