Skip to main content
Македонија

Приведени тројца поранешни градоначалници на Кочани во истрагата за пожарот во „Пулс“

20/03/2025  19:50

Попладнево се приведени Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, во рамки на истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

MK Summit

Од Обвинителството информираат дека по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани се спроведува акција на полициските екипи.

Акцијата за приведување на осомничени лица ќе продолжи и во текот на ноќта, а повеќе информации ќе бидат соопштени по нејзиното завршување утре.