
На 24.03.2025 во 02.30 часот на регионалниот пат Неготино – Градско, кај циглана во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Д.К.(19) од Велес, С.Т.(25) од село Црвени Брегови, неготинско и еден малолетник. Тие се затекнати како товарат предмети во патничко возило „фолксваген голф” со велешки регистарски ознаки и при преглед во возилото пронајдени се предмети кои ги одзеле од двор на фирма во Неготино. Пронајдените предмети и возилото се одземени, за настанот се запознаени адвокат за малолетници, Центар за социјални работи и јавен обвинител. Д.К. и С.Т. се задржани во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.