
На 25.09.2025 во 10:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.М.(38) од Битола, М.С.(56) и А.Н.(23), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека на 24.09.2025 во населба Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија.
Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Прилеп. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна кривична пријава.