Skip to main content
Хроника

Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни  

03/09/2025  12:03

На 02.09.2025 во 10:00 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.С.(25) од с.Требош, тетовско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.

На 02.09.2025 во 20:30 часот во с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Б.З.(42) од с.Горно Седларце, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик.                                              

На 02.09.2025 во 20:00 часот во с.Расадиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле И.А.(35) од с.Расадиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.
Тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.