
Под сомнение дека физички нападнале 48-годишен кумановец, полицијата вчера привела две лица од селото Габреш и едно од село Градиште.
– На 16.05.2025 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Г.Д.(54), Б.Д.(25), двајцата од село Габреш, кумановско и М.А.(34) од село Градиште, кумановско, затоа што во село Габреш физички го нападнале Д.А.(48) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.