
На 07.11.2025 во 14:00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во населба „Фазанерија 2″ во Гостивар, го лишија од слобода А.К.(28) од Гостивар. Во 12.35 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во дом и помошните простории на Ј.К.(33). При претресот Ј.К. не бил во домот, туку таму бил затекнат неговиот брат А.К.. При тоа биле пронајдени марихуана, дигитална вага и пари. А.К. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.11.2025 во 18:30 часот на ул. „Момир Андоноски” во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.И.(24) од с.Србиново, гостиварско. При преглед кај него се пронајдени и одземени две кеси со марихуана. А.И. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.


