Skip to main content
Хроника

Приведени двајца мажи од Црнилиште при незаконит лов кај Зрзе

09/01/2026  12:27


На 07.01.2026 година во 15:15 часот, на патниот правец кон село Зрзе, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Р.А. (36) и Љ.Р. (36), двајцата од село Црнилиште, општина Долнени.

Тие биле затекнати при незаконит лов и се обиделе да побегнат, но брзо биле фатени и приведени. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.