Вчера во 04.30 часот на ул.„11 Октомври“ во Прилеп полицајци од ОВР Прилеп уапсиле двајца малолетници од Прилеп.
„Тие биле затекнати при извршување на кражба во продажен објект. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во билтенот на МВР.