Skip to main content
Хроника

Приведени дрвокрадци во скопско, дрвата и возилото се одземени

02/06/2025  09:27

На 01.06.2025  околу 18.10 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во с.Горњани, скопско, сопрено е патничко моторно возило „голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (26), а сопатник во возилото бил А.И.(25), двајцата од с.Блаце, скопско.

При преглед во возилото пронајдени се огревни дрва, без документација. А.К. и А.И. се приведени и возилото и дрвата се одземени. Известена е шумската полиција и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.