Skip to main content
Хроника

Приведени дајца играчи од ФК „Беса“, физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“

27/10/2025  12:54

На 26.10.2025 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса” од с.Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром” од Скопје.

СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.