
На 08.03.2025 година во 12.35 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.М.(24) и К.Т.(24) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ.(24) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По документирање на настаните против сите лица ќе следуваат соодветни пријави.