Skip to main content
Свет

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула

28/12/2025  13:29

Француската полиција приведе околу 40 лица поради непријавен огномет во Париз на плоштадот Трокадеро во близина на Ајфеловата кула, објави парискиот весник Фигаро.

Париската полициска префектура изјави дека инцидентот се случил синоќа околу 21 часот и дека полицијата веднаш интервенирала, приведувајќи околу 40 лица и дека нема повредени.

Се додава дека е отворена истрага и дека се сомнева дека сторителите се навивачи на парискиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ).

Ова е втор непријавен огномет во декември. На 13 декември, инфлуенсерот Лорис Џулијано организираше огномет во близина на Трокадеро како дел од промоцијата на неговиот документарен филм.

Потоа беше отворена истрага за „загрозување на други лица и намерно кршење на обврската за одржување на безбедноста“ на јавно место, додаде Фигаро.