Skip to main content
Хроника

Приведени 18 возачи, од кои двајца малолетници, а двајца учествувале во сообраќајни незгоди

08/04/2026  15:36

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, по четири на подрачјата на СВР Скопје и СВР Тетово, по двајца на подрачјата на СВР Куманово, СВР Велес, СВР Охрид и СВР Битола и по еден во СВР Штип и СВР Струмица. Четири лица се лишени од слобода во Скопје а три во Тетово (еден малолетник) затоа што возеле без возачка дозвола, додека едно лице во Гостивар затоа што возел патничко возило без дозвола и учествувал во сообраќајна незгода. Без возачка дозвола возеле и две лице во Кичево, како и по едно лице во Делчево, Битола и Прилеп (малолетник), кој со мотоцикл удрил во застанато возило.

Двајца возачи во Куманово управувале возило под дејство на алкохол, од кои еден не поседувал и возачка дозвола. Под дејство на алкохол возел и еден возач Струмица.

Едно лице во Кавадарци управувало возило и покрај тоа што имал активна забрана, додека едно лице во Неготино не поседувало возачка дозвола, а на увид приложило странска фалсификувана возачка дозвола.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.