Skip to main content
Хроника

Приведена жена од гостиварско, украла златен накит во вредност од 9.000 евра

23/12/2025  12:03

На 22.12.2025 во 10:00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишија од слобода М.С.(45) од с.Калиште, гостиварско.

Таа се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во с.Градец, сопственост на Х.А.(49) од с.Градец, при што одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра.

Oдземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а М.С. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.