
Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, во координација со Шумската полиција, синоќа околу 19:50 часот го привеле 54-годишниот Џ.Е. од село Бањица, Општина Чашка под сомнение за нелегален транспорт и поседување на огревно дрво.
Како што информираат денеска од СВР Велес, при спроведување на редовна контрола во атарот на селото Бањица, полицијата запрела трактор без регистарски ознаки, управуван од Џ.Е. При прегледот биле пронајдени и одземени 2,8 кубни метри дабови огревни дрва за кои лицето не поседувало соодветна документација, ниту испратница. Дополнително била одземена и една моторна пила.
Тој бил приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.