
Гостиварската полиција ноќеска кратко по полноќ на улицата „Живко Брајковски“ го уапсила педесетгодишниот И.Ф. од селото Долна Бањица, гостиварско, кој пијан го управувал својот автомобил.
-При сообраќајна контрола на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар, било сопрено патничко моторно возило „шкода”со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал И.Ф., и по преземени мерки било констатирано дека И.Ф. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта- информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека тој бил исклучен од сообраќајот и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.