Skip to main content
Хроника

Приведен возач од ресенско, управувал возило под дејство на алкохол

27/05/2025  10:53

На 26.05.2025 во 00.23 часот на патот Ресен- Битола, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Р.Н. (47) од с. Златари, ресенско. При контрола  во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Н., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно  измерени му се 1,89 промили алкохол во крвта.

Р.Н. е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик.