Skip to main content
Хроника

Приведен возач од Крива Паланка, престигнувал колона на возила на непрегледна кривина

09/09/2025  11:22

На 08.09.2025 во 20:35 часот на магистрален пат Гостивар-Кичево, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода П.Д.(26) од Крива Паланка затоа што со патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски таблички, кое го управувал, извршил непрописно престигнување на колона возила на непрегледна кривина.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот – „безобѕирно управување на моторно возило“.