Skip to main content
Хроника

Приведен тетовец за издржување едногодишна затворска казна

31/03/2026  11:32

На 30.03.2026 во 11:25 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода лицето А.А.(22) од с.Лисец, тетовско.

Тој бил по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело по член 216 од Кривичниот законик. 

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.