Skip to main content
Хроника

Приведен тетовец – фрлил дрога низ прозор и се однесувал агресивно кон полицијата

14/06/2025  12:27

На 13.06.2025 година 23,30 часот на крстосницата на улиците .„Љуботенска“ и „Киро Ристовски Дрнц“ полициски службеници од Полициската станица Тетово со средства за присилба го лишиле од слобода Р.К. (37) од село Порој, а по претходно добиени оперативни сознанија за недозволена трговија со дрога.

Имено Р.К. управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ на даден знак стоп не го сопрел возилото со зголемена брзина се дал во бегство и од прозорот фрлил кесички со бела прашкаста материја.

Во тој момент полицискиот службеник од службен пиштол испукал два предупредувачки куршуми во воздух, и Р.К. го сопрел возилото но започнал агресивно да се однесува кон полициските службеници, при што биле употребени средства за присилба лисици.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.