
На 23.05.2025 во 02.40 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип го лишиле од слобода Х.П.(71). При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич” во Штип е сопрено патничко возило „фиат” со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.