Skip to main content
Хроника

Приведен ресенчанец, возел со над 1,58 промили алкохол во крвта

13/05/2025  09:48

На 13.05.2025 во 00.40 часот на ул.„Ленинова” во Ресен, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Х.Б.(68) од Ресен.

При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фоксваген” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.