Skip to main content
Хроника

Приведен охриѓанец, киднапирал 60-годишна жена од Охрид

13/08/2025  13:55

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.20 часот со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во неговото возило „југо” со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.

По преземени мерки, полициски службеници ја пронашле жената во неговиот дом, по што тој бил лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 141 од Кривичниот законик.