Skip to main content
Хроника

Приведен норвежанец на скопскиот аеродром, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал

08/06/2025  15:29

Полицијата утрово во 1:30 часот на Меѓународен аеродром Скопје го привела А.С.(44) од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава дека во авионот во кој патувал од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.

Како што информира МВР, при обид да биде извршен службен разговор со А.С, тој агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.