Skip to main content
Хроника

Приведен неготинец осуден на четири ипол години казна затвор за „криумчарење мигранти“

24/02/2026  12:49

На 23.02.2026 во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Д.(33) од Неготино.

Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната.