Skip to main content
Хроника

Приведен насилник: Ја тепал својата сопруга, во полиција го пријавила ќерка му

01/06/2025  19:47

На 31.05.2025 година во 20:20 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.К.(47) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата ќерка, дека во нивниот семеен дом истиот физички ја нападнал неговата сопруга.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.