
Полициски службеници од СВР Тетово утрово околу 5:10 часот го привеле 53-годишниот Д.Б.Ф.Р. од Р.Италија, поради сомнение за семејно насилство врз неговата 50-годишна сопруга во Тетово.
Како што информира МВР, приведувањето било извршено во Клиничката болница Тетово, откако билa поднесена пријава за физички напад. Лицето е задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.
Од МВР додаваат дека се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот.