Skip to main content
Хроника

Приведен маж, агресивно се однесувал кон полицајци, а и нападнал еден од нив

25/01/2026  12:54

На 24.01.2026 во 20.35 часот во село Смолари, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.М.(48) од село Дражево, струмичко.

Тој околу 20.30 часот во село Смолари агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, а во еден момент физички нападнал и еден од нив.

М.М. е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.