Skip to main content
Хроника

Приведен кумановец баран по потерница за доиздржување казна затвор

19/08/2025  19:51

На 18.08.2025 во 20:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(30) од Куманово. Тој бил осуден на шест години затворска казна за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а биле баран со потерница за доиздржување на четири години и четири месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.