Skip to main content
Хроника

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Египет

21/03/2025  09:36

На 21.03.2025 околу 02.50 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Т.Ј.(44) од Република Турција.

MK Summit

 При контрола во возилото „рено клио” со босански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.

Возилото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.