Skip to main content
Хроника

Приведен Косовец кај Куманово, пренесувал облека од познати марки без документација

16/05/2025  15:42

Вчера околу 4 часот на автопатот Куманово – Скопје, во близина на влезот на Куманово, полицијата изврши контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од турски државјанин, а кој сообраќал на релација Турција – Бугарија – Македонија – Косово.

„При прегледот на патниците, кај 36-годишниот М.Ш. од Косово биле пронајдени повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.