Поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, Јован Деспотовски е приведен, неофицијално дознава “Фокус“.
Деспотовски е уапсен од страна на Управата за финансиска полиција.
Според информации на Фокус, тој е приведен поради наводна проневера на 2 милиони евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип.
Нивни извори тврдат дека ќе се бара замрзнување на имотот на компанијата, чие име и е познато на редакцијата на “Фокус”, а за него најверојатно ќе се бараат мерки на претпазливост.