Skip to main content
Хроника

Приведен германски државјанин на ГП Табановце, пронајдена дрога

31/10/2025  16:22

На 30.10.2025 во 17:30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.К..(52) од Германија, затоа што при гранична контрола на патничко возило „мерцедес спринтер“ со германски национални ознаки, со кое патувал, пронајдени се марихуана, таблети и др..

А.К. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.