Финансиската полиција утрово го привела екс директорот на СОЗР Пецо Мирчевски, дознава Сител од свои извори.
Според нашите информации, во моментов се вршат претреси во неговиот дом. Полицијата го сомничи за случаи поврзани со злоупотреба во Службата за општи и заеднички работи на Владата. Се проверуваат случаи поврзани со злоупотреби во делот на јавните набавки.
До овој момент нема официјална потврда за оваа информација.