
Приведен е директорот на Комунална хигиена Сабахaдин Рустеми, објави Канал 5.
СВР Скопје Единицата за Економски криминал попладнево одзема дополнителна документација и лиши од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во град Скопје.
Најверојатно попладнево се очекува и да заработат Кривична пријава пред ЈО.
Сабахaдин Рустеми директор за директор на Комунална хигиена беше поставен на 29.01.2025 како дел од коалицијата на градоначалничката Данела Арсовска и ДУИ.
Рустеми важи за кадар близок до Блерим Беџети и како таков претходно ја извршуваше функцијата директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“од 2017 до 2021 година, а потоа во соработката со Арсовска од 2023 до 2024 помошник-директор на ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје.
Сабахадин Рустеми јавноста го знае како еден од личностите кои шират национална омраза.
Со неговото директорување на Комунална хигиена го доживува врвот на хаосот, намерно оставање на сметот низ Скопје кое засили во пред но и за време на кампањата за локалните избори и загрозување на јавното здравје на скопјани.
Медиуми сведочат дека како директор си доаѓал на работа, си земал плата и се правел дека проблемот со ѓубрето не постои.
Покрај намерното затрупување со смет на Скопје го следат и скандали со финансиите на „Комунална хигиена“, се испумпуваат милиони, а претпријатието нефункционално, Скопје затрупано со ѓубре, а возилата наводно нефункционални.
извор: Канал5

