Skip to main content
Хроника

Приведен државјанин на Босна и Херцеговина, платил патарина со фалсификувана банкнота од 10 евра

15/10/2025  11:43

На 14.10.2025 во 16:50 часот на патарина „Петровец“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.А.(28) од Босна и Херцеговина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик. Имено, тој на патарината поминал со товарно возило со босански национални ознаки и притоа платил со банкнота од 10 евра за која вработениот се посомневал дека е  фалсификувана. 

Банкнотата е одземена за понатамошна постапка. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.